За нас

МИДА РЕНТ А КАР ТУРС со седиште во Бизнис Центарот МИДА и Меѓународен Аеродром Скопје со 80 возила е една од најдобрите рент-а-кар компании во Македонија.

Покрај тековното работење нашата куќа “МИДА Рент а Кар Турс има успешна деловна соработка со сите државни институции на полето на превоз и прифат на странски ВИП гости - делегации, организирање на хотелско сместување, авио билети, превоз и прифат на придружбата на официјалните делегации, како и организирање на конференции, конгреси и семинари. 

Веќе подолг период соработуваме со Министерството за надворешни работи, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за Внатрешни работи, Министерсвото за Одбрана и други институции. 

Корисници на нашите услуги се и странските дипломатско-конзуларни претставништва акредитирани во Скопје: Амбасадата на САД, Амбасадата на СР Германија, Амбасадата на Р. Франција, Канцеларијата за врски на Р. Грција и други. 

Во согласност со постојаниот развој на нашата компанија, ја зголемуваме нашата понуда на услуги. 

МИДА Рент а Кар Турс е сместена во просториите на Бизнис Центарот МИДА во Скопје и Меѓународен Аеродром Скопје, така што технички и кадровски сме подготвени професионално да одговориме на Вашите барања.

Our team